информации за производот

за беџо

Имаме чест и задоволство да ви го претставиме новиот асортиман на производи од познатата и водечка светска компанија Бејо Заден - Холандија, лидер во производството на хибридни семенски материјали за градинарство. Ние, компанијата Агро Јуником, како генерален дистрибутер на Бејо Заден за С.Македонија се потрудивме во нашиот каталог  да направиме избор на најдобриот асортимент кој одговара на нашиот пазар и поднебје.

Агро Јуником ДООЕЛ е компанија специјализирана за увоз и дистрибуција на производи за земјоделска употреба, како: семенски материјали, производи за заштита и исхрана на растенијата, , системи за наводнување како и широк спектар на останати репроматеријали.

Од своето основање во 1990 година, Агро Јуником ДООЕЛ прерасна во национална мрежа на подружници, продавници и претставници во сите поголеми земјоделски области во Северна Македонија. Со дирекција и два магацини во Скопје, компанијата брои и уште 4 други големопродажни центри и магацини во Струмица, Ресен, Кавадарци и Битола. Дополнително, за што побрзо задоволување на потребите на се поголемиот број лојални клиенти, дистрибутивната мрежа на Агро Јуником ДООЕЛ опфаќа уште 33 продавници за малопродажба, како и 7 транспортни единици за мобилна продажба низ земјата.

Во соработка со глобално познати компании кои гордо ги издвојуваме како наши партнери, висококвалитетните понудени производи и посветениот и искусен тим, кој денес брои 140 вработени, Агро Јуником ДООЕЛ се грижи за успешно, професионално и навремено задоволување на сите барања и потреби на своите ценети потрошувачи.  Како компанија, Агро Јуником ДООЕЛ се стреми кон континуирано следење и приспособување на Светските трендови за потребите и развојот на земјоделието, што е клучен фактор во формулата што резултира со дологорочен успех.

Агро Јуником ДООЕЛ цели кон создавање на глобални предности за сите засегнати страни во земјоделието во Р. С. Македонија, како и креирање нови стандарди за производство на високо квалитетни земјоделски производи, а со тоа и високо квалитетен и здрав живот.